Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела


– Судското рочиште на кое ќе се одлучува дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во САД, ќе биде поделено во два дела, со тоа што вториот е одложен до мај, пресуди денеска британскиот суд.

По барањето на правниот тим на Асанж и адвокатите кои ги претставуваат САД, судијата на Прекршочниот суд во лондонскиот Вестминстер се согласи рочиштето да почне на 24 февруари и да трае една недела. Останатите три недели од судскиот процес ќе се одржат од 18 мај.

Асанж до екстрадирањето во САД се наоѓа во британски затвор, каде издржува казна поради кршење на правилата за кауција.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]