Судири во близина на Даунинг стрит 10 во Лондон, полицаец соборен од коњ



Судири во близина на Даунинг стрит 10 во Лондон, полицаец соборен од коњ - МИА

Лондон, 6 јуни 2020 ()  – Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњичката единица е очигледно исфрлен од неговиот коњ, пренесува Скај њуз.

Според медиумот, полицаецот останал да лежи на земјата додека коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Британскиот весник „Стандард“ наведува дека демонстрантите во еден момент фрлиле навивачки факел кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа пред „Даунинг стрит 10“ по митингот на плоштадот пред британскиот Парламент и по маршот низ центарот на Лондон.

Демонстрации попладнево се одржаа и во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]