
Украинските претприемачи, кои од власта бараат даночни олеснувања, денеска излегоа на протестен марш низ Киев и се обидоа на сила да упаднат во Врховната Рада, при што дојде до судир со полицијата, која употреби солзавец, а неофицијално, во хаосот што настана има и загинат.
Претприемачите меѓу другото бараат и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик.
Полицијата потоа ги потисна претприемачите од зградата на Радата, но судирите продолжиле, при што демонстрантите палеа димни бомби и факели.
Според непотврдени информации, во судирот со полицијата загинал еден демонстрант.