Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени


– Ирска денеска регистрира најмал број на новозаразени со коронавирусот во речиси три недели, откако земјата воведе едни од најстрогите епидемиолошки мерки.



Ирска денеска регистрира 675 нови случаи на Ковид-19, што е најмал број од 9 октомври досега. Во исто време, седумдневниот просек падна од 1.176 пред седум дена на 866.

Владата на премиерот Мајкл Мартин минатата среда го потврди враќањето на земјата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот и сите продавници, освен маркетите, беа затворени шест недели, додека рестораните служат храна само надвор, а на луѓето не им е дозволено да се движат повеќе од пет километри од твојот дом.

Две недели претходно сите ресторани беа затворени, а беше ограничен и бројот на посети на домаќинства.


Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*