Најмалку 18 лица загинаа, а 16 се повредени денеска кога автобус се запали откако удри во паркирано комбе во источната пакистанска провинција Пенџаб.
Несреќата се случила кога автобус кој се движел кон главниот град Исламабад се судрил со комбе што превезувало бензин, пренесува Скај њуз.
По судирот се запалиле и автобусот и комбето. Според полицијата загинале возачите на двете возила.
Во автобусот имало повеќе од 40 патници, а неколку од повредените се во критична состојба бидејќи се здобиле со тешки изгореници.