Странските туристи во Франција од 7 јули ќе плаќаат за тест за Ковид-19



– Од идната среда (7 јули) странските туристи во посета на Франција ќе треба да платат за тест за Ковид-19,  изјави владиниот портпарол Габриел Атал.


 

– Одлучивме дека странските туристи треба да плаќаат за тестовите – 49 евра за PCR тестот и 29 евра за антиген тест. Ова е реципроцитет затоа што Французите кои патуваат во странство треба да плаќаат за овие тестови во повеќе земји, изјави Атал.

Претходно, водечкиот научен советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфреси, изјави дека Франција веројатно ќе има четврти бран на Ковид-19 поради појавата на Делта сојот на вирусот.