Столтенберг во Париз ќе разговара со Макрон за „мозочната смрт на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг следната недела во Париз ќе се сретне со Емануел Макрон за што „подобро да ги разбере“ критиките на францускиот претседател кој пред десетина дена оцени дека „ НАТО е во состојба на мозочна смрт“.

-Следната недела одам во Париз за да разговарам со претседателот Макрон и подобро да ја разберам неговата порака и причините за неговата критика, рече Столтенберг на прес конференција во Брисел.

Столтенберг додаде дека најдобро е да се разговара кога постојат несогласувања.

Макрон неодамна во интервју за британски „Економист“ изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“, осудувајќи го недостатокот на координација меѓу САД и Европа, како и едностраното однесување на Турција во Сирија.

Столтенберг ги отфрли критиките за недостаток на политички консултации за стратешките прашања.

-НАТО постојано разговара за важните стратешки прашања. Тоа го правиме на секоја средба. Меѓутоа, ние сме сојуз од 29 држави и понекогаш постојат несогласувања за пристапот што треба да го имаме, додаде тој.

Според него, за критиките од Франциуја ќе се дискутира и утре на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, на која ќе се подготвува и самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]