Столтенберг: Русија акумулираше големи залихи ракети пред зимата

Столтенберг-Русија-акумулираше-големи-залихи-ракети-пред-зимата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија акумулирала големи залихи ракети пред почетокот на зимата.
Столтенберг ја обвини Русија дека повторно се обидува да ја нападне електричната мрежа и инфраструктурата на Украина и „да ја остави Украина во мрак и студ“, пренесува Ројтерс.


На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, тој рече дека НАТО не смее да ја потценува Русија и нејзината способност да ја продолжи војната во Украина, додава Гардијан.

Тој вели дека војната го намалила влијанието на Русија во странските земји кои се блиски до неа, ја направила позависна од Кина и „чинела значителен дел од нејзините конвенционални сили“.

„Сето ова ја истакнува стратешката грешка на Путин во инвазијата на Украина. Во исто време, не смееме да ја потценуваме Русија“, рече Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK