Столтенберг: На самитот на НАТО во Вилнус на Украина нема да и биде врачена официјална покана за членство

stoltenberg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека лидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане нивна членка, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули.

-На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана, изјави Столтенберг по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесуваат британските медиуми.


Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО.

Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнат конфликт во Украина.

-Сакаме крај на војната, но мирот не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија, рече Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK