Столтенберг ги уверува Авганистанците дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува



– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска потврди дека разговарал со авганистанскиот претседател Ашраф Гани на кој треба да го увери дека НАТО планира да продолжи со давање поддршка на оваа земја во која припадниците на талибанското движење во моментов вршат притисок врз владата во Кабул, која е поддржана и од САД


 

„Добро е да разговараме со претседателот Ашраф Гани. Безбедносната состојба во Авганистан е се уште многу предизвикувачка и бара постигнување договор преку преговори”, напиша денеска Столтенберг на својот Твитер профил.

Тој потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обуки во странство. сд/

Тој потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обуки во странство.