Старлингер: Австриската војска е пред својот гроб


Австрискиот министер за одбрана Томас Старлингер уште еднаш го заостри своето претходно кажано предупредување за финансиската состојба на австриската војска и повторно  на тапет ги стави неодговорните политичари.



-Војската се наоѓа пред својот гроб, а нејзините гробари не ја загрозуваат масовно само безбедноста на населението, туку и работните места, изјави тој на собир на друштво на офицери во Санкт Пелтен.

Старлингер смета дека во следните неколку недели ќе се одлучува за конечната судбина на армијата.

-И покрај тешката ситуација во која војската се наоѓа, за тоа не се свесни сите носители на политички одлуки, критукуваше министерот за одбрана.

„Гробарите на војската во пресрет на коалициските договори веќе изјавија дека е доволно војската да добие за 400 милиони евра повеќе“, рече тој истакнувајќи дека со тоа се загрозува безбдноата на Австрија.

Затоа, тој побара, доколку не постои политичка волја војската правилно да се опреми, тогаш на граѓаните јасно да им се изложат сите последици.

Старлингер додаде дека тогаш треба и Членот 79 од Уставот на Австрија соодветно да се примени и од него да се исфрли воената заштита на граѓните.

-Исто така треба да се промени и името на војската во „техничка помошна служба“, рече тој.

Откако стана министер за одбрана Старлингер постојано укажува на драматичната финансиска состојба на војската, и во повеќе наврати наведе дека армијата веќе не е во состојба да се грижи за земјата,  а и дека е се помалку во можност да помага при елементарни несреќи.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]