Според Русија, Украина стои зад експлозијата на цефководот Толјати-Одеса

cefkovod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кревање во воздух на цефководот за пренос на амонијак Толјати-Одеса, најдолгиот во светот.

„Украинска диверзантска група го разнесе цевководот за амонијак Толјати-Одеса, долг околу 2.400 километри“, соопшти руското Министерство за одбрана.


Според Москва, во овој „терористички чин“ биле повредени неколку цивили, а се случил во понеделникот навечер во близина на Мајутовка, село во областа Харков во североисточна Украина.

Тој цевковод го поврзува рускиот град Толјати на Волга со Одеса, најголемото украинско пристаниште на Црното Море, и овозможи на Русија, меѓу другото, да транспортира повеќе од 2,5 милиони тони амонијак, клучна состојка во минералните ѓубрива, до Европската Унија.

Транспортот преку тој гасовод беше суспендиран на почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година.

Повторната употреба на овој гасовод што ја бара Москва е предмет на преговори во кои учествуваат ОН како дел од договорот за жито што овозможи извоз на неколку милиони тони украинско жито.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK