Според претседателот на Претставничкиот дом на САД веројатен е двопартиски договор за зголемување на лимитот на задолжувањето

sad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти денеска изјави дека е можен договор меѓу демократите и републиканците за зголемување на плафонот на долгот.

Преговарачите сега се „во многу подобра ситуација, па можам да видам дека е можно постигнување договор“, рече Мекарти.


Според него, Претставничкиот дом следната недела ќе се занимава со договорот за зголемување на горната граница на задолжувањето.

Мекарти додаде дека демократските и републиканските преговарачи сè уште ги разработуваат деталите.

Американскиот претседател Џо Бајден е оптимист за изгледите за решавање на проблемот со јавниот долг на земјата, но верува дека треба да се направи „многу работа“ во оваа област за голем број сложени прашања, соопшти Белата куќа по новата рунда разговори меѓу шефот на државата и лидерите на Конгресот, одржана пред изјавата на Мекарти.

„Претседателот истакна дека иако има уште многу работа да се направи за голем број сложени прашања, тој е оптимист за изгледите за постигнување одговорен двопартиски договор за буџетот доколку двете страни преговараат со добра волја и признаат дека ниту една од нив нема да постигне целосна имплементација на своите барања“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Според проценките на Министерството за финансии, САД нема да можат целосно да ги сервисираат своите обврски во јуни доколку Конгресот не одобри зголемување на лимитот за задолжување.

Републиканците, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, го врзуваат зголемувањето на лимитот за задолжување со одобрување на програма за намалување на буџетските трошоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK