„Спејс Икс“ подготвена за „историски“ лет до Меѓународната вселенска станица


„Спејс Икс“ подготвена за „историски“ лет до Меѓународната вселенска станица - МИА

Вашингтон, 26 мај 2020 () – Kомпанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) на Илон Маск се подготвува да испрати двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица од космодромот на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида.

Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен ќе стартуваат утре во в 16 часот и 33 минути часот по источно американско време со вселенската капсула „Кру драгон“ (Crew Dragon) и ракетата „Фалкон 9“  (Falcon 9). Лансирањето ќе биде изведено од истата платформа од која беше лансирана последната мисија на шатл програмата на НАСА во 2011 година.

Американскиот претседателот и заменик претседател Доналд Трамп и Мајк Пенс утре ќе го следат лансирањето на ракетата, соопшти официјален преставник на Белата куќа.

Пенс претходно на состанок со раководителот на НАСА, Џим Брејденштајн и со други високопоставени официјални лица, укажа дека летот закажан за утре е историски.

– Оваа недела, Америка ќе ги врати во Вселената американските астронаути, на американски ракети од американска земја, изјави тогаш Пенс.

Тој им се заблагодари на на сите вклучени во проектот.

– Тоа е восхитувачки… Америка повторно го враќа лидерството во Вселената. Благодарејќи на Вселенската војска овозможуваме безбедност во земјата… Враќањето на американски астронаути на американска ракета… ги потврдува нашите стремежи за лидерство во бескрајните пространства на Вселената, исто како што Америка е лидер и во слободниот свет, истакна Пенс.

Брејденштајн изјави дека летот до МВС е првиот чекор на НАСА во враќањето на човекот на Месечината, и дека до 2024 година САД ќе пратат луѓе на јужниот пол на Месечината.

Планот е таму да се изгради постојана база. На летот до земјиниот природен сателит во 2024 година ќе учествува и првата жена, која треба да стапне на Месечината.

Според него, НАСА ја заврши разработката на супертешката ракета носач „Спејс ланч систем“ (СЛС), што ќе биде користена за испраќање експедиции на Месечината. Во Вселенскиот центар Стенис во Мисисипи во тек е изградбата на вселенскиот брод и првите испитувања на вселенското летало ќе почнат ова лето и наесен.

Со помош на СЛС ќе биде лансиран веселенскиот брод „Орион“ кој ќе полета и направи круг околу Месечината, првпат по програмата „Аполо“, што заврши на крајот на 70-те години од минатиот век.

Во реализацијаа на програмата учествуваат и партнерите на САД во освојување на вселената – ЕУ, Канада и Јапонија.

Отсега, овој вселенски брод и оној на „Боинг“ кој треба да биде пуштен во употреба годинава, ќе бидат замена за руските вселенски бродови „Сојуз“ кои досега беа единственото транспортно средство за превоз на американските космонаути и научници на МВС.

 


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]