Специјалниот претставник на Кина за Украина утре ќе пристигне во Москва

li-hui
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот претставник на Кина за Украина Ли Хуи, кој е на турнеја низ Европа, утре ќе ја посети Москва на консултации, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Кинескиот дипломат ќе биде примен од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и еден од неговите заменици – Михаил Галузин.


Ли Хуи, кој е поранешен амбасадор на Кина во Русија, веќе една недела е на турнеја низ Европа. Тој помина два дена во Киев, а потоа ги посети Полска и Франција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому западните земји му ветија ново оружје, и европските земји се надеваат дека Кина ќе го искористи своето влијание врз Русија за да помогне да се стави крај на борбите. Сепак, Украина минатата недела, по состанокот на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и Ли Хуи, истакна дека ќе одбие „секое посредување штовклучува губење територија или замрзнување на конфликтот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK