Спасена жена во Кабул: 25 години била затворена и мачена во темна соба

Спасена-жена-во-Кабул-25-години-била-затворена-и-мачена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата спасила жена која 25 години била затворена во темна соба во главниот град на Авганистан, соопшти Министерството за внатрешни работи на Талибанците.


Според вознемирувачките фотографии објавени од министерството, жената била чувана во соба полна со ѓубре. И давале храна преку прозорецот.

„Таа се чувствува несигурно и исплашено кога ќе види други луѓе“, рече портпаролот на министерството Абдул Матин Кани, опишувајќи ја нејзината мака.

Жената е згрижена во болница во Кабул откако се здобила со психички и физички повреди. Неухранета, таа исто така има тешка анемија, рече докторот. Нејзините коски се истрошени, а зглобовите и се оштетени, велат лекарите. Таа страдаше со години по разделбата од нејзиниот прв сопруг, со дополнителни проблеми, вклучувајќи неплодност, злосторства на нејзините браќа и спор околу наследството, соопшти полицијата.

Тие уапсиле четири члена од нејзиното семејство, меѓу кои и нејзиниот брат и внуците. Полицијата соопшти дека случајот е под истрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK