Советот за безбедност на ОН бара воздржаност од сите страни во Кашмир


Членките на Советот за безбедност на ОН сметаат дека Индија и Пакистан треба да се воздржат од еднострано дејствување околу спорниот регион Џаму и Кашмир, изјави денеска кинескиот амбасадор на Светската организација Џанг Ѓун, по состанокот на СБ за состојбата во тој  регион.

Средбата се одржа зад затворени врати на барање на Кина и Пакистан, откако Индија ја укина автономијата на својот дел од Кашмир, населен главно од муслимани.

Иако Советот за безбедност не се согласи околу соопштението, кинескиот амбасадор, кој ретко бара состаноци на Советот за безбедност на ООН, ја сумираше дискусијата, велејќи дека амбасадорите изразиле сериозна загриженост за ситуацијата.

Членовите на Советот за безбедност на ОН се „загрижени за ситуацијата со човековите права таму, но постои општ став дека сите страни треба да се воздржат од преземање на еднострани активности што можат да ги влошат тензиите кои се веќе затегнати и многу опасни, рече Џанг.

Индискиот амбасадор во ОН Суџед Акбарудин го обвини Џанг дека се обидел своите тврдења да ги претстави како „волја на меѓународната заедница“.
Тој рече дека одлуката на Индија да ја укине автономијата на Кашмир е внатрешна работа на неговата земја.

– Ако има проблеми, за нив ќе се разговара. Со нив ќе се занимаваат нашите судови. Не ни требаат меѓународни натрапници за да ни кажат како да живееме. Ние сме нација со повеќе од милијарда луѓе, рече Акбарудин пред новинарите.

Џанг рече дека е очигледно дека тоа што Индија ја укина уставната одредба за специјалниот статус на Кашмир, предизвикало тензии во регионот и повика проблемот да се реши со мирни средства, во согласност со Повелбата на ООН, резолуциите на ОН и билатералните договори.

Амбасадороката на Пакистан Малиха Лоди рече дека барањето на Пакистан да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН е „првиот, но не и последниот чекор“. Таа потсети дека ова е прва средба за ова прашање по повеќе од 50 години. – Фактот што се одржа оваа средба покажува дека станува збор за меѓународно признат спор, изјави Лоди пред новинарите.

Кашмир се наоѓа на тромеѓе помеѓу Индија, Пакистан и Кина и секоја од овие три земји има контрола над еден дел од областа, со претензии за целата територија.


Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август - МИА
Вести

Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август

Скопје, 6 јули 2020 () – Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител. – Заради интерес на медиумите и невладините организации […]

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]