Состојбата на луксембуршкиот премиер Бетел е „сериозна, но стабилна“


Здравствената состојба на премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е во „сериозна, но стабилна“ и тој ќе остане во болница уште најмногу четири дена поради последиците на коронавирусот.


 

Бетел на 27 јуни, веднаш по враќањето од самитот на ЕУ во Брисел, се покажа позитивен на тестот за коронавирус, а вчера е примен во болница.

Бетел (48) во текот на викендот бил земен под медицински надзор поради недоволната сатурација во организмот. Тој, исто така, имал кашлица, главоболка и треска, пренесуваат британските медиуми.

„Здравствената состојба на премиерот се смета за сериозна, но стабилна“, соопшти Владата на Луксембург. Во соопштението се наведува дека министерот за финансии, Пјер Грамења, го презема извршувањето на државните работи.