Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот


– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 707,738 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 33,526, а оздравеле 150,732 лица.

– Италија објави нови бројки за заразените со коронавирус – од вчера бројот на заразени се зголеми за 3.815 лица, а од почетокот на пандемијата во таа земја инфицирани се вкупно 97.689. За последното деноноќие починаа уште 756 луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи на 10.779, а оздравеа 13.030 лица.

– Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а фателно би можеле да завршат меѓу 100.000 и 200.000 лѓе, изјави денеска инфектологот и советник на претседателот Доналд Трамп за коронавирус, Антони Фаучи.

– Словенечката Влада го усогласи пакетот закони со финансиски и даночни олеснувања и субвенции за економијата и граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус и одлучи од првобитните две милијарди помош да ги зголеми на три милијарди евра. Законот, меѓу другото, предвидува префрлување на трошоците на уплата на придонес за вработени во фирмите и за надмоест за чекање и време на боледување од работодавачот на државата и државниот завод за здравствено осигурување.

– Во текот на денешниот ден во Хрватска се потврдени 56 новозаразени од коронавирус и сега има вкупно 713, а 55 се ислекувани. Шест лица починаа во таа земја.

– Во областа Псков, во европскиот дел на Русија, почина првата личност од коронавирус, соопшти денеска локалниот кризен штаб.

– Потврден прв смртен случај во Сирија.

– Берлинските клубови задоволни со одзивот на нивната секојдневна стриминг програма, воведена откако на 13 март поради пандемијата со коронавирус беше забранета работа со публика. – Само во првата недела забележани се над три милиони корисници на стримот #Unitedwestream”, изјави портпаролот на група берлински клубови.

– Гренлад денеска забрани консумација на алкохол во главниот град Нук и блиските населби, во обид да го намали насилството над децата во време кога луѓето мора да остануваат во своите домови за да се запре ширењето на вирусот. Се забранува во целост продажба на алкохолни пијалаци, а одлуката стапува во сила веднаш и ќе трае до 15 април.

– Во велика Британија потврдени се 1.288 смртни случаи и 19.522 заразени.

– Одговорот на Европската комисија на кризата со коронавирусот ќе ја одреди нејзината веродостојност во иднина, оцени денеска француската министерка за европски прашања Амели де Моншен. – Ако Европа е единствен пазар само во добри времиња, тогаш таа нема смисла, вели француската министерка, откако ЕУ минатата недела не успеа да договори заеднички мерки за помош на економијата.


Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Од новите 35 случаи со Ковид – 19, 22 се од Чаир, Бутел, Аеродром и Шуто Оризари

Скопје, 30 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 35 случаи на Ковид-19, според денеска објавените податоци, 22 се од Скопје. Како што информира Институтот за јавно здравје, 22 случаи на заболените од Скопје […]

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени - МИА
Вести

Нови 35 случаи на Ковид-19, пет починати и 19 оздравени

Скопје, 30 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во текот на денот Институтот за јавно здравје регистрирал 39 нови лица позитивни на коронавирусот и 19 оздравени пациенти. Во овој период починале 5 […]

Пендаровски: МПЦ-ОА и ИВЗ да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници - МИА
Вести

Пендаровски: Ќе донесам одлука за нова 14-дневна вонредна состојба

– Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност најави дека ќе донесе одлука за нова вонредна состојба во траење од 14 денови, која ќе почне да важи од утре. Донесувањето […]