Словачка го откажа вториот круг од масовното тестирање за коронавирус



Вториот круг на тестирање за коронавирус на ниво на цела Словачка наиде на отпор и поради тоа е одложен на неопределено време



Премиерот, Игор Матовиќ, рече дека вториот круг кој требаше да се изведе на 6 и 7 декември е одложен и ќе се одржи, но засега нема определено термин.

Матовиќ е голем поборник за тестирање на целото население, а во првиот круг на 31 октомври и 1 ноември беа тестирани 3,6 од вкупно 5,5 милиони Словаци. Во вториот круг, би биле откриени оние кои се заразиле во меѓувреме.

Но, градските и локалните лидери се спротивставуваат на логистичките тешкотии при одржување на масовно тестирање, па сакаат тие да се фокусираат само на ранливите групи од населението.

Податоците покажуваат дека бројот на заразени во Словачка е малку зголемен. Противниците на масовното тестирање претходно изјавија дека неодамнешниот пад на бројот на новозаболени се должи на делумното затворање во октомври и нема никаква врска со масовното тестирање.

Учеството во масовното тестирање беше доброволно, но секој што немал негативен тест не смеел да оди на работа две недели.