Скандал во Шпанија: Објавени слики од голи девојчиња направени со вештачка интелигенција

Скандал-во-Шпанија-Објавени-слики-од-голи-девојчиња-направени-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на Алмендралех, мало гратче на југот на Шпанија, се во шок откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од голи локални девојки без нивно знаење.


Сликите се создадени од вештачка интелигенција.

За таа криминална цел, се користеле фотографии од девојчињата целосно облечени, од кои многу се преземени од нивните профили на социјалните мрежи, а потоа се обработени со помош на апликација за вештачка интелигенција која генерира фотографија на личноста, но без облеката.

Досега, околу 28 девојчиња од Алмендралех, на возраст меѓу 11 и 17 години, пријавиле дека се жртви на апликацијата за вештачка интелигенција.

Полицијата го истражува случајот и, според објавените извештаи, најмалку 11 локални момчиња се идентификувани како вклучени во креирањето на сликите или нивното објавување преку апликациите Vocap и Telegram.

Осомничените во овој случај се на возраст меѓу 12 и 14 години, но шпанскиот закон конкретно не го опфаќа генерирањето слики од сексуална природа кога станува збор за возрасни, иако создавањето на таков материјал со малолетници може да се смета за детска порнографија.

Друго можно обвинение би било за кршење на законите за приватност, но во Шпанија малолетниците можат да се соочат со кривични пријави само на возраст од 14 и повеќе години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK