„Сите Евреи треба да бидат убиени и сите Еврејки да бидат силувани“: американски студент се заканувал на онлајн форум

„Сите-Евреи-треба-да-бидат-убиени-и-сите-Еврејки-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Студентот на Универзитетот Корнел, кој беше уапсен поради наводно повикување на убиство на Евреи, денеска беше обвинет од американското обвинителство за онлајн закани кон еврејските студенти на престижниот американски универзитет во текот на викендот. Апсењето доаѓа откако официјални лица вчера на сослушување во Конгресот предупредија за пораст на омразата насочена кон еврејските студенти во САД за време на израелско-палестинскиот конфликт во Газа.


Американската влада и Лигата за борба против клеветата известија за зголемени закани против Евреите, муслиманите и Арапските Американци откако изби конфликтот во Газа. Во федералната жалба, осомничениот беше идентификуван како Патрик Даи (21) и обвинет за објавување закани дека ќе убие или повреди друго лице користејќи меѓудржавни комуникации.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, претходно изјави дека „лице од интерес“ е во притвор на полицијата на државата Њујорк на сослушување.

Американското Министерство за правда го обвини за објавување пораки на онлајн форумот на универзитетот Корнел.

Федералните обвинители тврдат дека Даи се заканил дека ќе го прободе и заколи секој Евреин што ќе го види во кампусот, ќе ги силува и фрли сите Еврејки од карпа и дека ќе ги обезглави сите еврејски бебиња. Тој, исто така, се закани дека ќе употреби автоматска пушка за да пука во Евреи, според соопштението за печатот на Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK