Сириската одбрана пресретнала ракети над Дамаск



– Воздушната одбрана на Сирија пресретнала неколку ракети над Дамаск, кои дошле од југозапад преку Голанската Висорамнина која е под контрола на Израел, јави државната агенција САНА.

Агенцијата објави и видео снимка на која се гледа дејствувањето на сириската противвоздушна одбрана над Дамаск.

Според очевидци, во градот пред полноќ се слушнале силни експлозии.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека израелски ракети гаѓале локации на милицијата поддржана од Иран во зоната меѓу аеродромот во Дамаск и населбата Саед Зеинаб, јужно од главниот град.

Опсерваторијата исто така тврди дека некои проектили погодиле, но нема информации дали има жртви.


Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд - МИА
Бизнис и економија

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

– Управниот суд ја отфрли тужбата на „Еуростандард банка“ во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во образложението на одлуката се наведува дека за Еуростандард банка е отворена […]

Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]

Вести

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките

– Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три […]