Сименс доби нарачка од Дојче Бан за 30 супер брзи возови



Берлин, 15 јули 2020 () – Германската државна железничка компанија Дојче Бан (ДБ) порача 30 супер брзи возови од технолошкиот гигант „Сименс“ во вредност од милијарда евра, соопштија денеска компаниите.

Со нарачката, капацитетот на ДБ ќе се зголеми за околу 13.000 седишта, се вели во заедничкото соопштение.

Исто така, постои опција да се зголеми нарачката на ДБ за уште 60 возови.

Новите возови ќе бидат воведени на железничките линии што ја поврзуваат Северна Рајна-Вестфалија со Минхен.

– Вкупната флота на ДБ ќе се зголеми за 20 проценти во наредните години. Иако побарувачката е нагло намалена поради пандемијата на коронавирус, долгорочно сè зборува во корист на климатски прифатливиот железнички превоз, рече извршниот директор на Дојче Бан, Ричард Луц.

„Сименс“ планира да ги произведе нарачаните возови во погоните во Баварија и Северна Рајна-Вестфалија, како и во Австрија.

Супербрзите возови може да достигнат брзина до 320 километри на час.

 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*