Силен земјотрес регистриран на архипелагот Лојалити Острови

zemjotres_345355354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на архипелагот Лојалти Острови, дел од француската јужна пацифичка територија Нова Каледонија.

Геолошкиот институт на САД рано предупреди од цунами за други острови во Тихиот Океан, како што се Вануату, Нова Каледонија и Фиџи.


Австралиското биро за метеорологија (БОМ) соопшти дека во Нова Каледонија е забележан бран од осум сантиметри.

И Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд издаде предупредување на цунами по земјотресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK