Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Панама, на околу 60 километри од карипскиот остров Наргана, објави Американскиот геолошки институт (USGS).
Земјотресот накратко бил почувствуван во главниот град Панама Сити, објави Ројтерс.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.