Сибет Ндaијe : Во Франција не постои „државен расизам“


Сибет Ндaијe : Во Франција не постои „државен расизам“ - МИА

Париз, 5 јуни 2020 () – Портпаролката на француската Влада Сибет Ндaијe  смета дека Владата  мора да ја „слушне вознемиреноста“ предизвикана од демонстрациите организирани во Франција во последниве денови против полициското насилство, јави дописникот на .

-Нашата земја не е расистичка земја и јас сум среќна што живеам тука како црна жена, изјави Сибет Ндаије во интервјуто за Суд радио.

Портпаролката на владата реагираше на демонстрациите што се одржуваа во последните неколку дена во Франција и кои беа како ехо на оние организирани во Соединетите држави по смртта на афроамериканецот, задушен од полицаец. За Сибет Ндиаје е „невозможно да се направи споредба“ и сега мора да „бара смирување“. Во Франција, демонстрантите своите протести ги поврзуваат со случајот  на Адама Траоре, овој млад 24-годишен црнец, кој почина по неговото апсење од жандармите во Бомонт-сур-Оаз во 2016 година.

Сибет Ндиаје притоа ја бранеше полицијата, честопати нападната од демонстрантите.

-Не верувам дека француската полиција е расистичка на организиран начин. Може да има поединци кои се расисти, тоа постои, (како) во сите општествени тела на Републиката , рече таа.

Портпаролот на владата тврди дека веќе „во одредени форми“ била и таа жртва на расизам.

-Во средно училиште, ме прашаа дали имам електрична енергија или живеам во колиба. Кога сте црнци или од етничко малцинство, ви е потешко да најдете работа, потешко е да најдете сместување и, доколку имате нешто со полицијата односот може да биде малку поинаков, особено во одредени квартови, објасни таа.

-Но, исто така не можам да оставам да се каже дека има организиран државен расизам, затоа што тоа не е точно. Јас сум црнка, јас сум црнка која водиполитика. Јас бев студент во Франција и не можам да дозволам да се каже тоа “, продолжи Сибет Ндијае.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]