Укрански војници бил сведоци на сцени како руските трупи од левиот брег на реката Днепар биле однесени од виорот и поплавата по уривањето на браната Нова Кахловка во јужна Украина, јави денеска Си-ен-ен.
Според капетан Андреј Пидлисниј, многу од руските вјници се загинати или ранети во целосниот хаос што следел по уривањето на браната.
-Во вторник во утринските часови никој од руска страна не беше во можност да избега. Сите полкови на Русите на другата страна на реката беа поплавени, изјави тој.
Пидлисниј верува дека Русите намерно ја нападнале браната да ги пореметат плановите за претстојната офанзива на украинските сили.
На левиот брег на Днепар биле стационирани бројни руски трупи кои не знаеле дека браната се урива и не успеале да се спасат. Според соговорникот тие не биле предупредни дека им се пишиува лошо, најверојатно да се игра на елементот изненадување.
Украина смета дека Русија намерно ја дигнала во воздухо браната, додека Кремљ пак вели дека силите на Киев го извеле нападот.
Сеуште не постјат докази за заклучна подршка на тврдењета на една од страните, додека анализата на видеата од браната, последователниот пробој и посебно испитувањето на сателитски снимки сугерираат дека уривањето можеби било разултат на оштетување во градбата откако Русите ја окупираа браната лани во март.