Си-Ен-Ен“: Сандерс и Бајден водат во трката за претседателски кандидат кај демократите


Независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, води во трката за номинација претседателски кандидат од Демократската партија, а веднаш зад него е поранешниот потпретседател Џо Бајден, се дознава од најновата анкета на „Си-Ен-Ен“.

Во резултатите објавени денеска, 27 отсто од демократките гласачи и демократски настроените независни гласачи изјавиле дека ќе гласаат за Сандерс, додека за Бајден изјавиле дека ќе гласаат 24 отсто.

Популарноста меѓу двајцата е речиси изедначена, со предвидената три отстотна маргина на грешка.

Поддршката за Сандерс е подобра за седум отсто споредбено со минатиот месец, и неговиот рејтинг постепено се зголемува уште од август 2019 година, се дознава од анкетата. Рејтингот на Бајден, пак, се намали од 29 отсто лани во август, на сегашните 24 отсто.

Во меѓувреме, во престрет на првите демократски внатрепартиски избори за претседателски кандидат за две недели во Ајова, Бајден и Сандерс разменија критики во однос на синоќешната офанзива на штабот на сенаторот од Вермонт на социјалните мрежи.

Штабот на Сандерс го обвини Бајден дека четири децении се залагал за намалување на социјалните бенефиции за Американците.

-Не, не, не, не, одговори Бајден денеска на утринска емисија на „Ем-Ес-Ен-Би-Си“, прашан дали ќе крати социјални бенефиции ако стане претседател. Додаде дека е неблагодарно да се земаат изјави стари една, две или три децении надвор од контекст и го нападна сенаторот дека во минатото давал поддршка за производителите на оружје во САД и бил против федерални проверки за купувачите на оружје.

Рејтингот на останатите двајца тркачи за претседтаски кандидат, сенаторката Елизабет Ворен и поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџич, е повеќе од десет процентни поени понизок од двајцата главни претенденти. Според анкетата, Ворен е на трето место со 14 отсто, со два отсто намалување, додека на Бутиџич е 11 отсто, подобрување за три отсто споредбено со минатиот месец.

Според анкетата, сите останати претенденти имаат едноцифрен рејтинг. Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, има популарност од пет отсто, а по него се сенаторката Ејми Клобучер и Ендрју Јанг (по четири отсто), бизнисменот Том Стејер е со рејтинг од два отсто.


Вести

Заев и Мицкоски во домашна изолација поради контакт со заболен од ковид – 19

Скоипје, 9 април 2020 () – Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција […]

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19 - МИА
Вести

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 () – Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти […]