Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж


Шведските обвинители  се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж, кој во 2010 година беше пријавен за силување. Го пријави една жена која тврдела дека ја силувал во текот на посетата на Шведска истата година, јави Би-Би-Си.

Асанж во моментов е во Велика Британија каде ја отслужува затворската казна од 50 недели, бидејќи ги прекршил условите за гаранции, со своето бегство во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска за пријавеното силување.

Во Амбасадата Асанж мина седум години, а беше уапсен на 11 април годинава.

Шведскиот суд претходно веќе го одби барањето за притвор во негово отсуство, што значеше дека не може да биде екстрадиран во нивната земја, а сега се откажа и од истрагата.


Вести

(ФОТО) Колони народ пред супермаркетите во Куманово

По објавата на владината одлука за зголемување на траењето на полицискиот час во Куманово до понеделник, жителите создадоа колони пред супермаркетите. Во разговор со нив велат дека одлуката е малку задоцнето но добра, единствено голем […]

Вести

Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

-Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица. Како што […]

Вести

На барање на Мицкоски, Словенија испрати помош за Македонија

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици […]