Шведска привремено ги затвора границите со Норвешка


– Шведските власти денеска соопштија дека од полноќ привремено ќе ги затворат границите со Норвешка, во обид да спречат ширење на новата, позаразна мутација на коронавирусот, која неодамна беше откриена во Велика Британија.



Шведскиот министер за внатрешни работи Микаел Дамберг на денешната прес-конференција соопшти дека новата забрана ќе важи до 14 февруари и објасни дека со тоа ќе се спречи доаѓањето на луѓе од Норвешка.

Шведска ги продолжи забраните за влез на патници од Велика Британија и Данска, а Министерството за надворешни работи во Стокхолм на својата веб-страница ги советуваше граѓаните да не патуваат непотребно во Норвешка.