Шведска денеска со најмногу починати од коронавирус во последните три месеци




Во Шведска денеска се потврдени вкупно 96 нови смртни случаи на Ковид-19, што претставува најголема дневна бројка во последните три месеци.

Во последните 24 часа,  коронавирус е потврден кај уште 4.007 лица, што е речиси 2.000 помалку од највисокиот дневен биланс што беше потврден претходно овој месец.

Стапката на смртност на ковид-19 во оваа земја е неколку пати поголема отколку во соседните скандинавски земји, но, сепак, е пониска отколку во некои поголеми европски земји, како што е Шпанија.