Швајцарската Влада побара податоци од Свиском


– Владата на Швајцарија побара од државната телекомуникациска компанија „Свиском“ да и достави податоци за мобилните телефони во текот на еден ден, заради проценка на ефикасноста на мерките за ограничување на движењето на населението за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска официјален претставник на федералната Агенција за здравство.

– Сакавме да знаеме дали тие мерки влијаат врз мобилноста на луѓето, рече Даниел Кох, шеф на одделението на Агенцијата за заразни болести, на прес-конференција во Берн, како одговор на прашањето дека на тој начин Владата може да ја наруши приватноста на граѓаните.

Тој рече дека станува збор за 24-часовни податоци што даваат ретроспективен поглед на движењата на луѓето.

Според Кох, „тоа нема никаква врска со тековните податоци или мониторингот, туку да се види движењето на луѓето, а опфатен е само јавниот простор“.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]