Швајцарската Влада ќе ги сноси трошоците за тестирање на коронавирус



Почна тестирањето на вработените во штипските градинки - МИА

Берн,  24 јуни 2020 () – Швајцарската Влада денеска соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирусот, пренесоа британските медиуми.


 

Од утре ќе почне со употреба и апликацијата за следење на заразените, со цел да се спречи ширењето на вирусот откако во земјата се олабавија мерките.

Швајцарската Влада соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирус и антитела, како и дека ќе го поедностави системот за тестирање. Апликацијата за мобилната телефонија, што ќе се користи од утре, исто така, да предупредува кои луѓе се потенцијално заразени со коронавирусот.

Во Швајцарија, во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за 44 лица, на 31.376, а како последица на Ковид-19 од избувнувањето на пандемијата умреа 1.958 лица.