Штрајк на метрото предизвика транспортен хаос во Лондон


Транспортната мрежа на Лондон запре денеска, бидејќи вработените во метрото и автобусите стапија во штрајк поради платите и условите за работа.

 

 

Сите лондонски подземни и надземни железнички линии се целосно или делумно во прекин, а десетици автобуски линии во западниот дел на градот не сообраќаат, објави Транспорт за Лондон (TfL).

Членови на синдикатот на железнички, морски и други транспортни работници, RMT, протестираат поради низа проблеми, вклучувајќи ги оние поврзани со работните места и пензиите.

Нарушен е сообраќајот и на автобуските услуги во западниот и југозападниот дел на градот, како и на делови од Суреј, поради штрајк на автобуски возачи, членови на синдикатот „Unite“, што се очекува да трае и денеска и утре.

Засегнати се 63 автобуски линии.