Шпанија годинава очекува рекордни загуби во земјоделството

lozje_34543543

– Климатските непогоди нанесоа голема штета на шпанското земјоделство, која најверојатно ќе достигне рекордно ниво во текот на годината, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Изабел Родригез.

Во периодот од јануари до октомври, штетата изнесува 684 милиони евра, изјави портпаролката Родригез.

Со природни непогоди како што се поплавите предизвикани од обилните врнежи на брегот на Медитеранот во последните недели, конечниот износ на штетите во 2022 година најверојатно ќе ја надмине минатогодишната сума од над 720 милиони евра, додаде Родригез.

Напролет овошните насади беа опустошени од доцниот мраз, а во летниот период посевите беа оштетени од суша.

Facebook
Twitter
LinkedIn