Шпанија: 40 отсто од заболените од Ковид-19 се под 40-годишна возраст, 50 проценти од лицата се  асимптоматски



Исланд нуди на туристите две недели бесплатно тестирање за коронавирус - МИА

Според истражувањата на шпанскиот Институт за здравје Карлос Трети, 49.6 отсто од лицата позитивни на Ковид-19 се асимптоматски, додека 40 проценти од пациентите се под 40-годишна возраст.


 

Се поголем број млади луѓе се позитивни на новиот коронавирус во Шпанија, а според истражувањето најголем број  од пациентите се на возраст од 15 и 29 години.

Во април просечната старост на пациенти позитивни на Ковид-19 во Шпанија беше 60, но според најновите податоци просекот е 48 години.

Симптомите на новиот коронавирус кај 55 отсто од Шпанците се водат како асимптоматски.
Исто така истражувањето покажа дека 37 отсто од заболените лица не знаат каде се инфицирале, а 25 проценти се инфицирани дома, 12.1 отсто во социјални институции, 11.1 проценти на работа и 6.1 отсто се инфицирале во здравствените центри.

Податоците варираат од регион во регион, на пример во Каталонија 74.4 отсто од луѓето не знаат дека биле во контакт со лице позитивно на Ковид-19, додека во Баскија 11.9 проценти од луѓето не знаеле дека се во контакт со заболено лице.