Шпан: Резултатите од мерките во Германија се видливи, но не смееме да запреме


–  Иако мерките за контрола на Ковид-19 почнаа да покажуваат резултати, потребни се дополнителни напори за ставање на вирусот под трајна контрола, изјави денеска  германскиот министер за здравство Јенс Шпан.


 

– Потребно е понатамошно намалување на социјалните контакти и општата мобилност на земјата, а работата од дома треба да се разгледа уште повеќе, рече Шпан во изјава за АРД.

– Се чини дека бројките се намалуваат, што е добро, но сепак сме многу далеку од местото каде што сакаме да бидеме, рече министерот.