Шолц во Рим: Земјите од ЕУ треба заедно да одговорат на предизвикот на миграцијата

sholc_meloni_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Земјите од Европската Унија треба заедно да одговорат на предизвикот на миграцијата и да не „ги оставаат сами медитеранските земји“, изјави денеска во Рим германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

„Сите оние во ЕУ кои сакаат да се соочат со предизвиците на миграцијата можат тоа да го направат само заедно. Секој обид да се остави проблемот на некој друг е осуден на неуспех“, рече Шолц на прес-конференција со премиерката на Италија.


Џорџа Мелони, лидер на екстремно десничарската коалиција, ја фокусираше својата изборна кампања во 2022 година главно на борбата против илегалната имиграција, но од почетокот на годината Италија бележи голем пораст на бројот на мигранти.

Според италијанското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината во Италија пристигнале околу 52.300 мигранти, наспроти 21.200 во истиот период во 2022 година.

Италија, земја за влез во ЕУ каде што пристигнаа стотици илјади мигранти во последниве години, ги критикуваше своите партнери во ЕУ за недостигот на солидарност во распределбата на мигрантите, иако голем број од нив подоцна ја напуштаат земјата.

„Разговаравме за тоа како Италија, сосема сама, патува по Медитеранот за да спаси човечки животи. Италија прави извонредна работа, но мислам дека голем предизвик е таа работа да се врши заедно“, во рамките на ЕУ, рече италијанската премиерка.

Според неа, вистинските прашања се одбраната на надворешните граници, борбата против трговијата со луѓе и промовирањето на легалната имиграција.

„Италија, Грција и другите медитерански земји се соочуваат со огромен предизвик бидејќи бројот на луѓе кои пристигнуваат на нивните граници се зголемува. Не можеме да ги оставиме Италија и другите земји сами, мораме да прифатиме пристап на солидарност и одговорност“, рече Шолц претходно денеска во интервју за Кориера дела Сера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK