Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.
„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква. „Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот. Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа. Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси. „Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти. Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.