Шојгу: Не сакаме да ги плашиме САД, летовите на бомбардерите беа планирани


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските стратешки бомбардери „Тупољев 160“ минатата недела извеле планирани летови до Чукотскиот автономен регион и потенцира дека целта не била  застрашување на САД.

-Ние го правиме тоа што го правевме и претходно. Нашите стратешки бомбардери од долг досег почнаа да спроведуваат летови до областите до кои летаа и во минатото. Летовите беа изведени според однапред предвиден распоред, рече Шојгу, коментирајќи го тоа што двата бомбардера „ТУ-160“ одлетаа до аеродромот во Анадир и се вратија во Сараватовската област, на југот на Русија.

Во интервју за телевизијата „Русија 24“ Шојгу додаде дека САД биле свесни за летовите на руските авиони.

-Како е можно застрашување на своите соседи со употреба на стратешки бомбардери?, се запраша рускиот министер за одбрана.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека, во рамки на своите тренажни активности, упатило два бомбардера „ТУ-160“ , што можат да носат нуклеарно оружје, на рускиот Далечен исток, наспроти Аљаска.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]