Шефовите на ЦИА и Мосад во Катар разговараат за продолжување на прекинот на огнот и ново ослободување на заложниците

УНИЦЕФ-предупредува-на-опасност-од-појава-на-епидемија-во-опколената.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс се во Катар за да разговараат за продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас и ослободување на повеќе заложници, соопштија официјални лица.


Дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, ги потврди извештаите дека Барнс и Барнеа биле во Катар во вторникот, објави АП.

Официјални лица од Египет, кои служеа како посредници во преговорите заедно со Катар, се приклучија на разговорите, велат тие.

Состанокот требаше да „продолжи за да се договори продолжена хуманитарна пауза и да започнат понатамошни дискусии за следната фаза од потенцијалниот договор“, изјави изворот за Ројтерс. Исходот од разговорот бил нејасен, додаваат тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK