Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални почина од природна смрт од згрутчување на крвта, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, а пренесе агенцијата УНИАН.
„Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е повеќе или помалку потврдено. Тоа е она што го знаеме“, им рече Буданов на новинарите, на прашањето дали разузнавачката служба „знае како е убиен “.
Тој рече дека оваа информација не е преземена од интернет. Според него, тоа било природна смрт. Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла.
Телото на Навални и е предадено на неговата мајка, а датумот на погреб ќе биде одреден подоцна. Навални (47) почина во сибирски затвор на 16 февруари. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите да го оживеат. Тој служеше 30-годишна затворска казна за, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.