Шангај го забележа најтоплиот ден во мај во последните 100 години

shangaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Шангај денеска е евидентиран најтоплиот мајски ден во последните 100 години, соопшти метеоролошката служба на тој град во источна Кина.

„Во 13:09 часот (5:09 часот по Гринич), температурата на станицата Суџиахуи достигна 36,1 степени Целзиусови, што го собори 100-годишниот рекорд за највисока температура за месец мај“, соопшти официјалниот портал на кинеската метеоролошка служба преку социјалната мрежа Веибо.


Неколку часа подоцна, на метеоролошката станица во центарот на Шангај е забележана температура од 36,7 степени Целзиусови, соопшти истиот извор.

Со ова за еден степен беше соборен претходниот рекорд, кој беше забележан четири пати во 1876, 1903, 1915 и 2018 година.

Во средината на мај, ОН предупредија дека периодот од 2023 до 2027 година речиси сигурно ќе биде најтоплиот досега забележан на Земјата, со комбинираното влијание на стакленички гасови и метеоролошкиот феномен Ел Нињо кои предизвикуваат пораст на температурите.

Глобалните температури наскоро се очекува да ја надминат најамбициозната цел од Парискиот климатски договор, предупреди Светската метеоролошка организација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK