„Сестрата на Албанија“: Еди Рама беше домаќин на италијанската премиерка Мелони

edi-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама во Валона ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја нарече „сестра на Албанија“.


Мелони дел од одморот го помина во Албанија на покана на Рама. Албанскиот премиер на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со изрази на благодарност.

„Сестрата на Албанија, брат на Италија. Ти благодарам Џорџа, чест беше“, напиша Рама.

Италијанските медиуми ја пренесоа и неговата изјава дадена за време на посетата на Мелони дека таа „не греши во меѓународната политика и затоа тој особено ја цени“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK