Селмаер: Нема да има „вакцина на национализмот“ во Европа



ript>


 

Во Европа нема да има „вакцина на национализмот“ или принцип „Европа прва“, посочува шефот на претставништвото на Европската комисија во Австрија, Мартин Селмаер.

За време на дискусијата за јавниот сервис ОРФ, Селмаер подвлече дека граѓаните во Европа ќе имаат безбедна вакцина. Тој истакна дека идната вакцина ќе ги помине сите фази на тестирање.

Во исто време, тој ги намали очекувањата дека вакцината ќе биде брзо достапна за целото население.

„Со ’Ковакс’ имаме глобална иницијатива за развој и фер дистрибуција на вакцината“, објасни тој, додавајќи дека ќе биде потребно време за дистрибуција на вакцината и дека е потребно да се биде трпелив.

Ризичните групи и медицинскиот персонал први ќе ја примат вакцината, рече Селмаер.

Австрискиот вирусолог што работи во Њујорк, Флоријан Крамер, очекува дека одлучувачките резултати во развојот на вакцината ќе бидат постигнати за неколку недели до месеци и дека тогаш ќе може да се започне со вакцинација.

Тој е убеден дека вакцината ќе се најде на пазарот во САД на крајот на годината, но додава дека прашање е дали вакцината ќе биде достапна во декември и во Австрија.