Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја од вчера одржа состанок на кој се разговараше за зајакнување на економијата и преиспитување на одбранбената стратегија во „променетата меѓународна ситуација, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
На состанокот присуствуваше и лидерот Ким Џонг-ун, но не е наведено што тој изјавил.
Според денешното соопштение објавено од КЦНА, состанокот на Централниот комитет ќе трае најмалку уште еден ден.
Американската подморница УСС Мичиген вчера вплови во јужнокорејското пристаниште Бусан, еден ден откако Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел во морето како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби во близина на меѓукорејската граница оваа недела.
Според експертите, агресивното вооружување на Ким дополнително ќе ја оптовари изолираната економија на Северна Кореја, веќе погодена од децениското лошо управување, американските санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје и затворањето на границите предизвикани од пандемијата, што ја намали трговијата со Кина, нејзиниот главен сојузник и економски партнер.