Се уште нема пресврт во епидемијата со коронавирусот, тврди Политбирото на КП на Кина


– Се уште не е дојден пресвртот во епидемијата со коронавирусот во Кина и ситуацијата во провинцијата Јубеи и натаму останува тешка и сложена, соопшти денеска Политбирото на кинеската Комунистичка партија, со кое претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесе кинеската државна телевизија.



Влијанието на епидемијата од коронавирусот врз кинеската економија е очигледно, но долгоричниот раст на економијата не се менува, наведе Политбирото, пренесуваат британските медиуми.

На состанокот било кажано дека кинеската фискална политика ќе биде проактивна и поефикасна, а монетарната политика пофлексибилна.

Во соопштението се додава и дека владата ќе ги отфрли сите системски фискални ризици.