Се урна авион веднаш по полетувањето од аеродром во Јужен Судан


Се урна авион веднаш по полетувањето од аеродром во Јужен Судан - МИА


Официјални лица стравуваат дека во несреќата загинале неколку лица, јави агенцијата Анадолија.

Кур Куол, директор на меѓународниот аеродром „Џуба“, за Анадолија изјави дека во авионот, што и припаѓал на компанијата „South West Aviation“, а требало да лета кон северната држава Бахр ел Газал, имало осум лица.

-Осум лица беа во авионот и се уште немам детали за бројот на загинати во несреќата, рече Куол.

Очевидци за Анадолија изјавиле дека едно повредено лице било пренесено во болница и дека виделе шест тела на земјата.