Се испитува одговорноста на пилотот за падот на пакистанскиот авион


Експерти од Ербас го истражуваат падот на авионот во Пакистан - МИА

Исламабад, 29 мај 2020 () – Капетанот на пакистанскиот авион, во кој загинаа 67 патници и членови на екипажот, се приближил до аеродромот во Карачи и не јавил дека има проблем со контролирањето на командата за слетување, па трипати удрил во пистата, изјави висок пакистански официјален претставник.

Истражителите ја пронајдоа црната кутија со снимка од разговорот во пилотската кабина, од кој се дознава дека пилотот иако добил предупредување од контролата на летот сепак продолжил со маневри за слетување, истакна портпарол на пакистанската авиокомпанија.

Веднаш откако авионот „Ербас А320“ првпат удрил на пистата, а потоа се откажал од слетување, пилотот и јавил на контролата дека двата мотора престанале да работат.

Истражителите допрва мораат да утврдат дали моторите престанале да работат поради ударот од пистата или постои друга причина.

Црната кутија и снимките ќе бидат испратени во Агенцијата за авионски несреќи во Париз, каде ќе бидат детално анализирани.

Падот на пакистанскиот авион го преживеаја само двајца патници.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]